Општина Илинден

From Википедија
За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
Општина Илинден
Општина
Знаме на Општина ИлинденГрб на Општина Илинден
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеИлинден
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникАлександар Георгиевски
Површина
 • Вкупна97,02 км2 (37,46 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно17.435
 • Густина180/км2 (470/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоilinden.gov.mk
Карта на Општина Илинден со селските атари.
Демографска карта на Општина Илинден со селските атари.
Алтернативно знаме на Општина Илинден

Илинден — општина во источниот дел на Скопската Котлина, во северниот дел на Македонија. Основана е во септември 1996 година. На исток се граничи со Општина Куманово, на северозапад со Општина Арачиново, на запад со Град Скопје, а на југ со Општина Петровец. Главна приградска населба е Илинден (поранешно Белимбегово).

Географија[edit | edit source]

Табла за добредојде на почетокот на Општина Илинден, крај автопатот Е-75

Историја[edit | edit source]

Стопанство[edit | edit source]

Околу 70% од земјиштето е земјоделски обработливо (претежно со житни култури), а на територијата на општината се наоѓаат и некои важни индустриско-стопански објекти како Рафинеријата за нафта ОКТА и Слободната економска зона Бунарџик.

Демографија[edit | edit source]

Седиште на општината е населба Илинден (поранешно Белимбегово).

Општина Илинден брои 15.894 жители од кои:[2]

  • 13.959 (87,83 %) се Македонци
  • 912 (5,74 %) се Срби
  • 428 (2,69 %) се Роми
  • 308 (2.21 %) се Албанци
  • 17 (0,11 %) се Турци
  • 1 (0,01 %) се Власи
  • 225 (1,42 %) се други националности
Вероисповед Вкупно
православни 14.928
муслимани 748
католици 13
протестанти 0
останати 205
Јазик Вкупно
македонски 14.459
албански 447
турски 15
ромски 402
влашки 0
српски 453
бошњачки 0
останати 118

Општина Илинден зафаќа површина од 97,02 км2 и има густина на населеност од 163,82 жители на км2.

Во состав на општината покрај населбата Илинден (Белимбегово) влегуваат уште 11 села: Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Кадино, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци и Текија.

Општествени установи[edit | edit source]

Самоуправа и политика[edit | edit source]

Градоначалник на општина Илинден е Александар Георгиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[3] Советот на општина Илинден е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот се:

1. Верче Мицевска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
2. Павле Павлески ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
3. Миле Стојановски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
4. Борче Најдовски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
5. Благоја Митровски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
6. Светлана Слезенковска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
7. Дарко Мицевски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
8. Горан Гочевски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
9. Драгана Бојковска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
10. Мирјана Николовска СДСМ и коалицијата
11. Милош Станковски СДСМ и коалицијата
12. Новица Милев СДСМ и коалицијата
13. Трајче Илиевски Група избирачи, Трајче Илиевски
14. Анета Здравковска Група избирачи, Трајче Илиевски
15. Кирил Слезенковски Левица

Културни и природни знаменитости[edit | edit source]

Редовни настани[edit | edit source]

Личности[edit | edit source]

Култура и спорт[edit | edit source]

Иселеништво[edit | edit source]

Наводи[edit | edit source]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски[edit | edit source]